Додик успешно опериран, познати детали

од Vladimir Zorba
72 прегледи

По неколкучасовна комплицирана операција, која започна во 08:00 часот, претседателот на Република Српска Милорад Додик е сместен на одделението за интензивна нега.

Поради акутни болки Додик вчера бил хоспитализиран во Белград и било утврдено дека му е потребна операција на хранопроводникот и стомакот.

Операцијата е извршена во клиника специјализирана за овој тип на болест, со ангажман и консултација на лекар од Република Српска.

Во соопштението за печатот се додава дека претседателот на РС им се заблагодарил на странските државници и на сите жители на Република Српска за пораките за поддршка и желбите за брзо закрепнување, испратени до него синоќа и денеска.

„Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска“, се вели во соопштението за печатот од кабинетот на претседателот на Република Српска.

Слични содржини