Додик во изолација, имал контакт со лице позитивно на корона

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, е во домашна изолација поради контакт со лице кое е позитивно на коронавирус.

Во соопштението се наведува дека Додик бил тестиран на Ковид 19, а резултатот од тестот е негативен.

Се додава дека Додик е во добра здравствена состојба и дека сите негови параметри се во рамките на физиолошките граници.