183
Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека Република Српска има чест да се појави на самитот на БРИКС во Казан.
„Веќе договоривме средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, како и со други важни лидери кои ќе бидат на самитот на БРИКС“, објави Додик на својот Инстаграм профил.
Додик изјави дека минатата недела имал голем број средби, меѓу другите со амбасадорот на Израел во Босна и Херцеговина, Галит Пелег, во Источно Сараево и во Бања Лука со новоименуваниот шеф на Делегацијата на ЕУ, Луиџи Сорек.