Доењето е вистински предизвик за многу жени. Некои имаат проблеми со мајчиното млеко, други дојат премалку од субјективни причини. Трети имаат проблеми со доењето и сексот со своите партнери.
Многу истражувања на оваа тема констатираат дека доењето сериозно може да влијае на сексуалниот живот, иако некои жени изјавиле дека немаат никакви проблеми и не страдаат од “сексуален глад” во овој период.
Кои се најчестите проблеми поврзани со доењето и сексот?
Намалена или отсутна чувствителност на градите
Бидејќи градите во периодот на доење се напнати е можно тие да изгубат ексцитабилност за време на сексуална стимулација. Поради доењето брадавиците се зацврстуваат и стануваат резистентни на допир. Тоа е природен механизам за заштита на нежното ткиво од болка, а и за да се олесни самиот сукателен процес.
Ако ви се случи тоа едноставно замолете го вашиот партнер за разбирање и објаснете му дека привремено е императив да не ги допира градите за време на секс. Постојат и други ерогени зони на кои може да се насочи. Ова може да ве натера да откриете неоткриени до моментов територии во интимниот свет.
Сувост во вагината
Вагиналната сувост е заеднички проблем за време на доење. Тој настапува поради хормоналните промени, предизвикани од доењето.
Лубрикантите се решение на проблемот, но треба да се внимава со нив. Не е добро да се користат лубриканти на маслена основа, бидејќи тие го оштетуваат интегритетот на кондомите. Тоа крие ризик од несакана бременост во период скоро по раѓањето.
Избирајте лубриканти на водена основа.
Протекување на градите
Колку активно доите, толку повеќе млеко произведува млечната жлезда. При стимулација, притисок, цицање на брадавиците за време на секс, како и при оргазам, градите можат да одделат некое количество млеко.
Многу жени се вознемируваат од овој факт, бидејќи не сакаат да ги тераат партнерите да доживеат непријатност. Затоа за време на секс само носете градник за доилки или обичен секси градник во зависност од тоа како се чувствувате најдобро. Тој ќе заштити од протекување или барем ќе го направи невидливо за вас и вашиот партнер.
Со текот на времето овој мал проблем ќе престане.
Намалено либидо
За време на доењето е сосема можно да ви недостасува сексуална желба. Според истражувањата ова исто така се должи на хормоналните промени и особено зголемувањето на андрогените во крвта. Тие се хормони на надбубрежната жлезда и јајниците.
Високите нивоа на овие хормони ја потиснуваат сексуалната функција кај жените, што може да се покаже непријатно за партнерот. Тој најверојатно ќе се почувствува одбиено и игнорирано.
Најдобар начин е да разговарате со него и да му ги објасните причините за отсуството на либидо. Можете да ја стимулирате блискоста на други, не директно сексуални, но интимни гестови – бакнежи, прегратки, држење на раце, одење во бања заедно. Така ќе остане близината, дури и кога немате секс во тој период.
Галерија: iStock