Група сенатори од американскиот Конгрес од двете партии, демократи и републиканци, постигнаа договор за принципите на безбедносниот закон за набавка и носење огнено оружје, јавува Си-Ен-Ен.
Предложените мерки вклучуваат проверка на менталното здравје, подобрување на безбедноста во училиштата и за учениците и за студентите и спречување на опасните криминалци и ментално болните да купуваат оружје.
Како што наведува Си-Ен-Ен, во соопштението се наведува поддршката од 10 републиканци, што е доволно предлогот да добие доволно поддршка во Сенатот, односно да се избегне блокада (филбастер).
Претседателот Џозеф Бајден оцени дека оваа рамка на идниот закон „претставува важен чекор во вистинската насока“, иако не содржи се што тој лично смета дека е неопходно.
Посочи дека нема повеќе пречки законот да се донесе што поскоро.
„Со двопартиска поддршка, нема причина за одложување и зошто законот не би бил брзо усвоен во Сенатот и во Претставничкиот дом. Секој ден се повеќе се убиваат деца во оваа земја, што побрзо ќе дојде на моето биро, веднаш ќе го потпишам и ќе можеме веднаш да примениме мерки за спасување животи“, рече Бајден.