335
Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, рече дека потпишал прекин на огнот со претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев.
„Почитувани граѓани, браќа и сестри, јас лично донесов многу тешка одлука за мене и за сите нас. Заедно со претседателите на Русија и Азербејџан, од 01.00 часот потпишав изјава за прекин на војната во Карабах“, напиша Пашинијан на Фејсбук.