Договорен состанок во Тирана за регионална енергетска координација пред грејната сезона

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Кон средината на јули годинава во Тирана ќе се одржи состанок на претставници на енергетскиот сектор од Македонија, Србија и Албанија, за заедничка платформа за кризната состојба во регионот и обезбедување на доволни количини на енергија за зимскиот период.

Ова е договорено на онлајн состанокот на Отворен Балкан, на кој присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Како што соопшти ЕСМ, на состанокот на премиерите Ковачевски, Рама и Вучиќ што се одржа вчера, една од темите беше енергетската кординација во пресрет на следната грејна сезона.

Меѓу главните точки, покрај евроеинтеграциите, странските инвестиции и активностите за слободен проток на луѓе и стоки меѓу трите земји, беше и енергетската криза.

Слични содржини