290
Денеска нешто пред 9.30 часот во загрепската полиција пристигнала дојава за наводно подметнати бомби во неколку трговски центри во главниот град на Хрватска, потврдија од Управата на полицијата.
Полицијата е на терен и ги врши потребните дејствија и мерки за утврдување на вистинитоста на пријавата и се грижи за безбедноста на граѓаните, соопшти полицијата, пренесе Хина.
Пребарување на просторот се врши во Сити центар Ист, Гарден мол во Дубрава и Фамили мол во Јанкомир.
Од полицијата посочуваат дека нема место за паника.