Дојави за бомби во три средни и две основни училишта во Белград

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Дојави за поставена експлозивна направа се пристигнати утрово на електронски адреси на пет училишта на територијата на Белград, три средни училишта и две основни училишта, соопшти српското министерство за образование.

Министерството соопшти дека пријавите се испратени на е-маил адресите на „Медицинско училиште“ во Звездара, „13 Белградска гимназија“, СОУ „Бараево“, како и на адресите на две основни училишта „Павле Поповиќ“ во Враниќ и „Бранислав Нушиќ“ во Вождовац.

Екипи на српското МВР се на терен, учениците и вработените се евакуирани, а по завршувањето на увидот на КД учениците ќе бидат вратени во клупите, по потврда дека е безбедно“, се наведува во соопштението и се додава дека ученици од ОУ „Павле Поповиќ“ во Враниќ се вратиле на настава, откако МВР утврдило дека се работи за лажна пријава.

Министерството за образование соопшти дека училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за начинот на организирање на наставата и враќањето на директната настава.

Слични содржини