Дојче банк: Без руски гас и нафта, на Германија и се заканува длабока рецесија

од Vladimir Zorba
165 прегледи

„Германија ќе се соочи со длабока рецесија доколку се запре увозот или испораката на руски гас и нафта“, предупреди денеска извршниот директор на Дојче банк, Кристијан Зевинг.

Најголемата европска економија е во голема мера зависна од Русија во однос на енергијата, а звучните имиња од германскиот банкарски сектор во последните денови изразија загриженост за можните нарушувања во снабдувањето со енергија.

Кристијан Зевинг, кој е и претседател на германското банкарско лоби БДБ, вели дека банките предвидуваат значително забавување на растот оваа година на околу 2,0 отсто поради војната во Украина, пренесе Ројтерс.

Слични содржини