Ангела Меркел доби не само целосна поддршка – туку таа собра и бурни аплаузи за еден инспириран говор во заштита на досегашната политика кон бегалците.Коментарот од Кристоф кажува се за “Дојче Веле” ..лидерката на германските демохристијани повтори и го потврди својот восклик од летото “Ние ќе се справиме”, кое оттогаш врз себе навлече многу критики.

“Премногу не е , бидејќи дел од идентитетот на нашата земја е токму тоа да се справуваме со најголеми предизвици. “Интеграција на бегалците е токму таков предизвик – исто како обнова на земјата по Втората светска војна и изградбата на обединета Германија, посочи Меркел. Два епохални проекти, два триумфални успеха на Германија! Тоа не се случува често, но овој пат Меркел го достигна во самата душа на својата партија и ја натера да се почувствува горда. Лидерката на христијандемократите се фокусира на христијанските вредности на партијата, за да ги поврзе директно со прифаќање на бегалците. “Ова не е само една човечка маса, тоа се одделни луѓе”, извика Меркел.
Да ја чуеме вознемиреноста, да направиме корекции , но покрај сето ова нејзиниот говорот пред партискиот конгрес на ХДЗ во Карлсруе покажа дека ќе бидат преземени и корекции во досегашниот курс. На пример – на бегалците ќе им се исплаќаат помалку пари, а наместо тоа ќе им се даде повеќе помош во натура, ќе се продолжи престојот внатре во центрите и ќе се скрати процедурата за враќање на луѓето кои не добиваат азил.
Сите оратори по Меркел изразија благодарност, почит и признание кон канцеларката.Сепак неколкумина споделија и фрустрации. На пример, дека многу држави од ЕУ се против курсот на Берлин дека општините носат поголем дел од товарот, поврзана со бегалците, или пак за културните предизвици со кои се соочува земјата. Тука му е местото да се спомене и енергична критика на Меркел против т.н. “мултикултурализам”, кој таа повторно го нарече само “самозалажување”. Правото на азил останува недопрено.
Бунт ли?
А каде остана очекуваниот “бунт” против политиката на Меркел, за кој за кој толку зборуваа медиумите? Да, некои делегати од средните партиски нивоа беа критични, но на крајот го прифатија курсот, а партиската база се покажаа дури поблиску до позициите на својата претседателка. Така во усвоениот документ не станува збор ниту за горна граница за прием на бегалци, ниту пак за некое конкретно ограничување на протокот – и покрај тоа “против” гласаа едвај двајца делегати. Говорот на Меркел беше ударна и силна, и како мисла – длабоко европска . Ангела Меркел ја познава добро својата партија и знае дека колебливите имаат потреба од импулс, за да го следат. Откриле со време и ја прекоруваат дека нејзиниот политички стил се состои главно во чекање,ама овој пат сепак таа покажа дека е способна да инспирира храброст и доверба во сопствените сили. Но и партијата добро знае колку за нив е скапоцено Ангела Меркел. Уште пред вистинската говор партиската лидерка беше поздравено со долги 1о минутни овации и аплаузи – дотаму што на едно време таа самата им рече : “Чекајте, јас уште ништо не сум кажала.” Меркел и ХДЗ, ХДЗ и Меркел – на овој партиски конгрес во Карлсруе тие уште повеќе ги запознаа своите позиции. Не само партиските лидери, но и самата партија се поврзува со решеноста во иднина да се прифатат и интегрираат бегалците. А тоа не е ли лошо?.DW