ДОЈДЕ ЛИ КРАЈОТ НА ПОСКАПУВАЊАТА? Во Германија најниска стапка на инфлација по речиси три години

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Годишната стапка на инфлација во Германија од 2,5 отсто во февруари е најниска во последните речиси три години, објави во вторникот Федералната канцеларија за статистика. Институтот сега само ја потврдил прелиминарната проценка, пренесува ДПА.

Инфлацијата последен пат беше пониска во јуни 2021 година и изнесуваше 2,4 отсто. Во јануари инфлацијата и натаму беше 2,9 отсто, а во декември 3,7 отсто.

„Енергијата станува поевтина, а темпото на поскапување на храната се забавува и сега за прв пат по повеќе од две години беше под општиот просечен пораст на цените“, рече претседателката на институтот, Рут Бренд, цитирана од „Феникс магазин“.

Енергијата поевтинува втор месец по ред, во просек за 2,9 отсто

Храната во малопродажбата порасна за 0,9 отсто од февруари 2023 година, по јануарската стапка од 3,8 отсто на годишно ниво.

Стапката на инфлација од јануари до февруари изнесува 0,4 отсто, што исто така е во согласност со прогнозите.

Слични содржини