Докажано: Тејлор Свифт заработи милијарда долари на турнеја, пеејќи на плеј-бек

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Американската ѕвезда на кантри-поп музиката и во моментов веројатно најпопуларната музичарка на планетата, Тејлор Свифт штотуку ја завршува својата светска турнеја „Eras“, на која заработи повеќе од милијарда долари, „пеејќи“ речиси исклучиво на плеј-бек, што било докажано со користење на модерен софтвер за вештачка интелигенција.

Првите сомнежи за автентичноста на настапите во живо на младиот и многу успешен кантавтор ги искажа Дејвид Грол од рок групата Foo Fighters, а кон средината на годината многу медиуми го доведоа во прашање концертниот звук на Тејлор Свифт и нејзиниот придружен бенд.

Но, минатата недела, Филип Хенли попознат како јутјуберот Wings of Pegasus го расчисти проблемот користејќи технологија за вештачка интелигенција. Призна дека не било лесно, бидејќи врвната технологија, но во спротивна насока, ја користат самите изведувачи, за да сокријат дека нивните „настапи во живо“ често не се навистина – во живо.

Фил ја издвои вокалистката Тејлор Свифт од неколку настапи годинава, од повеќе континенти, и дојде до очекуваниот заклучок: на секој од нив „пееше“ апсолутно исто, до милисекунда прецизност, идентично во секој поглед.

„Тоа е апсолутно невозможно во реалноста“, објасни Фил, релативно познат музичар, гитарист и пејач, кој по интересниот настап во X factor, светската слава ја стекна токму со анализа на музиката на најпознатите светски артисти на својот YouTube канал.

Во три епизоди од по повеќе од половина час, по споредување на најмалку пет концерти и слушање на неколку часа музика на Тејлор Свифт, Фил дури и на своите фанови им докажа дека целата турнеја е прилично голема измама.

„Што се однесува до мене, сосема е во ред некој да заработи добро на турнејата, но мислам дека сепак би било фер кон нејзината публика ако таа им каже дека всушност ќе платат скапи билети за да ја видат како танцува во живо, додека се друго, освен најавите на песните и разговорот со бендот, ќе биде синхронизирано со однапред снимена музика и пеење“, изјави Фил.

Слични содржини