Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Анкара би можела да ја затвори воздухопловната база „Инџирлик“, доколку САД продолжат да наметнуваат санкции за Турција.
„За двете држави е многу важно САД да не преземат чекори, по кои што ќе биде невозможно да се прилагодат нашите односи. Се разбира, Турција ќе одговори на сите санкции на САД. Ние ќе седнеме и ќе одлучиме. Доколку е потребно, ќе ги затвориме „Инџирлик“ и „Кучерик“, рече Ердоган.
Претходно, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, исто така, предупреди дека Турција може да ги затвори воздушните бази.
На 11 декември, Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го одобри нацрт-законот за воведување санкции за Турција.
Ако биде усвоен од Сенатот и потпишано од претседателот, тоа може да вклучува замрзнување на средствата на Турција, ограничување на визите и ограничување на пристапот до кредити.