Доколку Заев не достави оставка, ќе изгласаме недоверба на Владата, вели Мицкоски

од Nikola Popovski
435 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва пред Собранието изјави за медиумите дека е формирано мнозинство, кое ќе гарантира дека оваа влада предводена од СДСМ е минато.

-Ја очекуваме оставката на Заев. Доколку тоа не се случи, ќе поднесеме постапка со која ќе се изгласа недоверба на владата. За сите детали јавноста ќе биде запознаена во следните денови. Затоа беше средбата вечерва, за да излеземе пред народот. Доколку Заев не ја достави, тогаш ќе изгласа недоверба на владата. Сите опции се во игра сега. Можни се и предвремени избори, рече Мицкоски, откако претходно објави фотографија на социјалните мрежи, со која соопшти дека има ново парламентарно мнозинство, во кое покрај ВМРО-ДПМНЕ, би биле АА, Алтернатива, Левица и пратениците на БЕСА.

Слични содржини