Доктор Апостолов до колегите во „Систина“ кои побараа слобода за Камчев: Дали размисливте дека со тоа што го направивте го допревте дното?

од Берта Китинска
396 прегледи

Докторот Ивица Апостолов упати отворено писмо до поголемиот дел од докторите во „Систина“ кои јавно побараа ослободување на бизнисменот Орце Камчев од притвор.

-Го прочитав вашето писмо кое сте го упатиле до јавноста, а повеќето од вас и лично ги познавам и сме имале заеднички моменти на дружење и соработка во моите 29 години колку што работам на Клинички, и ете баш затоа не можам да не ви одговорам на сите “вас” кои што сте упатиле такво луцидно барање, а воедно ве прашувам, без да се навредите, дали сте свесни што потпишавте? Дали воопшто размисливте дека со тоа што го направивте го допревте дното?…

Вашето барање, “колективно” е толку понижувачки за вас, што се ставивте во апсурдна улога како здравствени работници да треба да ги оценувате мерките на судската власт и на јавното обвинителство, со ступиден текст дека се “неразумни и престроги” и тие (мерките) индиректно влијаеле на вработувањето на 1.000 луѓе во КБ “Аџибадем Систина”, без да размислите дека со тоа вршите директен притисок на судските постапки при донесувањето на одлуките, а ваквото ваше барање го надополнувате со објаснување, да не е смешно ќе е трагикомично, дека присуството на Камчев (замислете) бил неопходен за работа на КБ “Аџибадем Систина”?, пишува доктор Апостолов.

Тој додава дека Камчев воопшто не е потребен за да тие си ја вршат работата.

-Јордан “ОРЦЕ” Камчев, воопшто не е директно потребен за вашата работа, а мерката притвор ниту делува, ниту пак го попречува вашето работење како лекари и медицински персонал, а најмалку ви го оневозможува секојдневното ваше работење. Најголемиот број на активности во приватната клиничка болница “Аџибадем Систина”, која за воља на вистината е дел од најголемата групација на болници во Југоисточна Европа “Аџибадем“ и е дел од вториот најголем синџир болници во светот, зависи од менаџирањето на малезиската групација IHH, чиј менаџмент сигурно нема да дозволи да се распадне или да не може да функционира Болницата поради отсуството и притворот на Камчев.Затоа, пред се бидете достоинствени, останете “доктори”, здравствени работници со реноме, а не измеќари за да потпишувате петиција која сега му е потребна на Камчев како обланда која е “облечена во црвена чипкаста подвезица”, пишува докторот во отвореното писмо.

#МоеОтвореноПисмо
👉До: потписниците на писмото за ослободување на Јордан “Орце-Орка” Камчев од мерката притвор кое е…

Posted by Ivica Apostolov on Saturday, 20 March 2021

Слични содржини