19
Проверено е од институциите, нема токсична туна во Македонија!, соопшти доктор Чибишев.
-Попладнево разговарав со Директорот на Агенцијата за храна и ветерина г-динот Оливер Миланов кој ме информира дека Агенцијата после мојот коментар на социјалните мрежи во рамките на своите законски надлежности направи консултации со соодветните Европски инситуции задолжени за контрола на безбедноста на храната и направи вонредни контроли на посочените конзерви туна и гарантира дека овие производи кои се продаваат во трговската мрежа во Република Македонија се безбедни за консумација, истакна Чибишев.