Доктор Џефри Еванс од Велика Британија фрлил дури 20.000 фунти за нов автомобил, а успеал да го провози само неколку пати за една недела. За жал заклучил дека е алергичен на него.
Штом седне во своето ново Audi A1, шеесетичетиригодишниот доктор добива црвенило на кожата која ужасно го пече. Имено, Доктор Еванс е алергичен на формалдехид кој се наоѓа во пластиката и навлаките, а тој тврди дека продавачот не го известил дека автомобилот содржи формалдехид иако го прашал претходно.
– Тоа е ноќен кошмар. Немам ништо од својот нов автомобил. Морам да пијам лекови за да го избегнам осипот”, вели докторот кој случајно се занимава со хемиски истражувања.
