Доктор Маја Мојсова Мијовска, анестезиолог на КАРИЛ и национална координаторка за трансплантација во изјава за Магазин на Сител телевизија објасни зошто една третина од хоспитализираните имаат потреба од кислородна поддршка.
-Сатурацијата е заситеност на крвта со кислород која се мери периферно. Има апарати кои се поврзани со мониторите и ја мерат сатурацијата во крвта во крвните садови. Има одредена бројка како што е стотка на воздух е прифатлива сатурација и здравите луѓето би требало да ја имаат оваа бројка. Како одминува времето таа полека може да се намали. Доколку оваа бројка опаѓа под 95 тогаш ќе треба да аплицираме кислородна поддршка. Тој е важен за сите функции на клетката, и кога нема кислород тој ги засегнува сите органи, вели Мијовска.