Бошко Илиев (55), доктор специјалист по спортска медицина од Кавадарци, денеска ја преплива акумулацијата „Турија” кај Струмица во должина од шест километри за време од два часа и 36 минути.
Станува збор за индивидуално, како што вели тој, маратонско пливање кое има за цел афирмација на убавините на земјава, односно на природните и вештачките езера кои може да бидат погодни не само за туризам туку и за спортување.
Минатата година тој ја преплива акумулацијата Водоча кај Струмица, а пливал во Кавадарци, на Крушевското езеро, на Свети Наум на Охридско, а следна негова дестинација е Дебарското Езеро. Настанот го подржаа општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а го помогнаа и членови на ЗСР „Шампион“ од Струмица.
Како кажал Илиев, ова му било 91 во маратонско пливање, што како соло, што под капата на пливачката федерација во категоријата на ветерани. Годинава за него ова е трето маратонско пливање. Пливал во Кавадарци, на Крушевското Езеро и кај Св. Наум на Охридското, а во наредниот период планира да го преплива Дебарското Езеро.