Докторите за поканата на Сали: „Понудата во недела попладне може да биде двосмислена“

од Берта Китинска
769 прегледи

Универзитетските професори Никола Пановски, Драган Даниловски и Вело Марковски вчера преку социјалните мержи добија понуда од министерот за здравство Беким Сали да бидат дел од Комисијата за заразни болести.

Доктор Вело Марковски во изјава за „Локално“ коментира дека понудата преку Фејсбук не ја сфаќам за сериозна поради тоа што социјалната мрежа често пати може да е хакирана и да не се знае дали таа е вистинска, понуда.

-Ми се допаѓа пристапот на новиот министер за здравство и согледувањето дека нешто треба да се менува. Пријатно сум изненаден од дијагностичките спосбности на министерот, и можните квалитени решенија на проблемот. За жал повеќе од две години со катастрофални резултати, со многу умрени од КОВИД 19, и многу умрени од други болести поради занемарување на другите гранки од медицината, не менувавме ниту стратегија ниту кадровски решенија. Понуда преку фб не ја сфаќам за сериозна понуда, од причина што фб е социјална мрежа за меѓусебно комуницирање на фб пријатели. Јас и министерот Сали не сме фб пријатели и не сум ја ни прочитал понудата. Од друга страна чести се хакирања на профили па и не знаеме дали навистина е тоа понуда од министер. Сепак, мислам дека намерата е добра, но понуда на фб во недела попладне може да биде и многу двосмислена во однос на намерата. Членувањето во комисија која е советодавна на министерот (министерот има десетина такви комиси: комисија за респираторни инфекции, СИДА, ретки болести, бруцелоза…) и која брои дваесетина членови воопшто нема да даде промена на стратегијата, мерките и решенијата, коментира Марковски.

Тој додава дека нема да прифатам учество во партиска комисија која е составена со дваесетина членови, од кои најголемиот дел се директори на клиниките и институциите.

-На крајот одлуката на комисијата каква и да е воопшто не е задолжителна за министерот. Министерот може да си побара мислење од друг доктор, или друга комисија ако ставот на Комисијата зазаразни болести не му се допаѓа. Од некои за мене непознати причини премногу се „калкулираше“ со значењето на таа комисија во изминатиов период. Таа комисија не носи и не носела самосотјни одлуки. Се надевам, дека прваилниот пристап на министерот ќе даде подобри резултати, иако објективно за најдобри резултати треба коренити кадровски промени и промена во страегијата за справување со ковид пандемијата, а од меѓупартиските договори мислам дека министерот може да смени само еден директор, објаснува имунологот.

И микробиологот Никола Пановски вели дека понудата преку социјалните мрежи е несоодветна.

-Нашите канцеларии се на 100 метри оддалеченост, поканата преку социјални мрежи е во најмала мера несоодветна. Требаше да разговараме, да видиме што се очекува од мене, што јас очекувам. А веќе замолив, додека не ги укинат сертификатите, да не сметаат на мене. Слушнав дека ме поканил и за советник. Значи на секого давам совети, секако и на министерот, за тоа не треба да имам функција. За време на кризава работам исклучиво волонтерски и бесплатно, вели Пановски за „Локално“.

Двајцата професори се согласни дека Комисијата за заразни болести треба да носи извршни одлуки, а не заклучоци кои потоа треба да станат извршни со владина одлука.

– Од самиот почеток на оваа пандмеија се залагав за комсија за Ковид 19, не комсија за заразни болести. Комисијата за заразни болести може да си ги следи и понатаму заразните болести (ги има многу) и да го алармира и советува министерот. Сум бил член на таа комисија, и точно знам како функционира. Многу пати сме имале зголемена појава на одредени заразни болести, и сме го известувале министерот. По природа, таа комисија е составена од различни профили на лекари и други експерти од областа на медицинските науки, што е разбирливо бидејќи не знаеме однапред дали и каква епидемија или пандмеија ќе ни се јави, смета Марковски.

Имунологот потенцира дека не е исто ако се појави менингит, или се појави хеморагична треска, хепатит, или туларемија и друга зооноза. Раличен профилна лекари е супспецијализиран за ови болести.

-Кога има реална појава на одредена епидмеија или пандмеија, разумно би било, владата по предлог на министерот да состави нова комисија со мандат само за таа болест. Не е разумно да се очекуваат најдобрите решенија ако во комисијата имате експерти за СИДА или хепатит, а ви се лсучува пандмеија со горнореспираторна инфекција. Оваа нова комсија треба да е составена од по најмногу 2-3 експерти, или субспецијалсити од таа област, инфектологотзи кои работат/работеле долго со респираторни инфекции, микробиолози, епидмеиолози од истат област. Владина комсија која ќе брои не повеќе од 5-7 члена, чии одлуки ќе бидат ослободени од дневна политика и ќе бидат задолжителни за сите. Министерот за здравство по функција треба да биде член на таа комисија. На тој начин министерот ќе биде ослободен од премногу голем ангажман околу пандмеијата и ќе се грижи за сите болести и сите останати „проблеми“ во министерството.Овој предлог беше даден и како мој став и како став на ВМРО ДПМНЕ и ако се прифатеше ќе имавме многу подобри резултати. Значи, не промени или проширувања на постоечката комисија, објаснува докторот.

Тој напоменува дека тешко ќе му биде на било кој кој министер да се справи со било која пандемија ако не може да смени ни еден од „клучните играчи“.

-Од друга страна, мислам дека преземањето на министерството од мала партија во време на пандемија, без разлика на способностите на министерот, воопшто не е разумно решение. Тешко ќе му биде на било кој министер да се справи со било која пандмија ако не може да смени ни еден од „клучните играчи“ кои досега изиграле многу лошо. Во сегашниов сотав на власта јас гледам најмалку двјца колеги кои се од областа и кои требаше да бидат министри, па макар и со мандат додека трае пандемијата. Можеше и со таков мандат да се оди, министер за здравство од областа на пандемијата, со ограничен мандат. По завршување на пандемијата може да се пласираат партиски и/или коалициони решенија и политики за развојот на здравството, објаснува Марковски.

Микробиологот Пановски смета дека за КЗБ веќе е доцна да носи извршни одлуки, бидејќи таа требала овој начин на функционирање да го смени одамна.

-Да, требаше кога беше најгусто, сега е веќе доцна. Поточно, Комисијата можеше да си остане како советодавно тело за останатите инфекции, а да се формира владино стручно тело само за пандемијата со поголем степен на автономност и извршност во одлуките, вели Пановски.

Б.М.

Слични содржини