Докторот кој го лекувал Навални по труењето со новичок, е пронајден мртов

од Nikola Popovski
308 прегледи

Руски лекар кој го лекуваше Алексеј Навални од труењето со Новичок беше пронајден мртов по ненадеен срцев удар. Д-р Сергеј Максимишин наводно бил одговорен за интензивна нега во болницата во Омск, каде бил одведен лидерот на опозицијата откако се разболел сериозно.

Болницата во Омск и руските власти остро негираа дека Навални покажал знаци на труење со нервни агенси, што било откриено откако полетал за Германија на лекарски третман.

Максимишин почина на одделот за интензивна нега каде што Навални се наоѓал на лекување, но властите денес негираа дека тој бил заразен со Ковид-19. Првите извештаи велат дека крвниот притисок одеднаш му скокнал и дека починал од срцев удар, пишува британски „Сан“.

Колешката Марија Морозова, која го видела оваа недела, изјавила дека смртта е „многу неочекувана“. Галина Назарова, портпарол на Секретаријатот за здравство на Омск, инсистирала на тоа дека не постои „специјална позадина“ за смртта на почитуваниот лекар.

„Човекот беше болен, загрижен за своите роднини“, рече таа.

„Ги закопа своите родители оваа година. Тој почина на работа, на одделот за интензивна нега, каде што исто така работеше“, додаде Назарова.

„Тој беше во болница, сместен на интензивна нега и почина таму“.

„Lifeshot News“ објавиле дека д-р Максимишин вчера бил итно хоспитализиран.

– Кога само што го донесоа докторот од дома, неговиот крвен притисок беше „над 250“. Тие успеаја да го намалат крвниот притисок, но срцето на лекарот не издржа.

Александар Мураховски, шефот на болницата, потоа бил унапреден во Секретар за здравство во Омск.

Слични содржини