Доларот благо ослабе, трговците воздржани пред состанокот на ФЕД

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Американскиот долар денеска продолжи да се намалува од речиси еднонеделните највисоки нивоа во однос на главните ривали, а активноста на трговците беше ограничена пред одлуката на Федералните резерви (ФЕД) за каматната стапка, која треба да даде навестување за идниот пат на монетарната политика.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на кошницата ривали, ослабе за 0,14 отсто на 111,32 поени, иако тоа не е далеку од неговото максимално ниво забележано на 25 октомври од 111,78 поени, пренесе Ројтерс.

Доларот порасна во текот на ноќта во азиското тргување, за наеднаш да потоне на отворањето на европските пазари, но потоа закрепна поради проценките дека американските економски податоци укажуваат на продолжување на ценовниот притисок, што ги намали шпекулациите за пресвртот на агресивното зголемување на каматните стапки на ФЕД.

Слични содржини