209
Доларот денеска остана блиску до највисокото ниво во последните две години на азиската трговија, бидејќи загриженоста за економското влијание на кинескиот „локдаун“ ја зголемува побарувачката за американската валута како безбедно засолниште.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на доларот во однос на шесте главни ривали, утринава се лизна за 0,13 отсто на 101,59 поени, но сепак останува блиску до максимумот од 101,86 поени што го достигна за време на ноќта, пренесе Ројтерс.
Порасна за 3,3 отсто од почетокот на април, што е негов најголем раст во еден месец од ноември 2015 година.