Доларот под притисок поради страв од рецесија, слабее во однос на конкурентските валути

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Доларот денеска остана под притисок и се чини дека ќе продолжи да слабее во однос на главните конкурентски валути четврти ден по ред, погоден од падот на приносот на американските државни обврзници и е блиску до најниското ниво во последните две недели, поради зголемените стравувања од рецесија.

Јапонскиот јен закрепна во однос на доларот, оддалечувајќи се од најниското ниво во последните 24 години. Австралискиот долар, кој е чувствителен на ризик, слабее, а јужнокорејскиот вон падна на најниско ниво во последните 13 години, пишува Ројтерс.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на кошницата од шест клучни ривали, се „лизна“ за 0,07 отсто на 104,14 поени, губејќи 0,44 отсто од петокот.

Слични содржини