Доларот зајакна, еврото најслабо во последните 5 години

од Vladimir Zorba
328 прегледи

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна и се движи на највисоките нивоа во последните 20 години.

Причините за тоа се очекувањата околу зголемувањето на каматните стапки на ФЕД, но и нестабилноста на пазарите на капитал, поради што инвеститорите бараат засолниште во побезбедни инвестиции.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 104,80 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 104,02 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се „лизна“ од вчерашните 129,70 на 129,20 јени.

Но, американската валута зајакна во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0395 долари, блиску до најниските нивоа од 2017 година, додека вчера во овој момент беше 1,0525 долари.

Доколку еврото падне под 1,34 долари, ќе биде на најниско ниво во последните 20 години.

Цената на нафтата порасна втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 1,52 отсто, на 109,08 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 1,36 отсто на 107,57 долари.

Слични содржини