Доларот зајакна, цената на нафтата падна

од Vladimir Zorba

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката валути дополнително се зголеми, откако минатата недела скокна за 1,5 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, зајакна за 0,4 отсто, на 107,39 поени, недалеку од највисокото ниво во последните 20 години. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,6 отсто, на 136,95 јени, а во еден момент достигна и 137,28 јени, највисоко ниво во последните 24 години.

Американската валута зајакна и во однос на европската, за 0,38 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0145 долари, блиску до најниското ниво од крајот на 2002 година.

Цените на нафтата, пак, дополнително паднаа, откако минатата недела се лизнаа за повеќе од 3 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар се намали за 0,65 отсто, на 106,32 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,91 отсто, на 103,94 долари.

Слични содржини