Долф Лундгрен (66) ужива на плажа со сопругата (27) и ќерката (22)

од Vladimir Zorba
4,3K прегледи

Актерот Долф Лундгрен е фотографиран на плажа во Сардинија во добро друштво. Имено, 66-годишниот актер добро се забавувал со 27-годишната сопруга Ема Крокдал и 22-годишната ќерка Грета.

Инаку, актерот е роден во Шведска и е мајстор за боречки вештини. Тој беше ѕвезда во 80-тите, а се прослави со улогата во филмот Роки, каде глумеше со Силвестер Сталоне. После тоа, сними серија филмови како Masters of the Universe, Showdown in Little Tokyo и Universal Soldier, а новото враќање на големото платно го направи во 2010 година во филмот The Expendables.

Лундгрен зад себе има неуспешен брак со дизајнерката Анет Квиберг. Својата сегашна сопруга, која е 39 години помлада и е фитнес тренер, ја запознал во теретана, а се венчале минатата година.

Слични содржини