Долга е раката на Путин!?- смртта на поранешниот сојузник Михаил Лесин изгледа се помистериозна

од desk3
105 прегледи

На 4 ноември 2015 година поранешниот руски министер и еден од блиските до кругот на Владимир Путин Михаил Лесин беше пронајден мртов во својата хотелска соба во Вашингтон. Руските медиуми, кои добро го познава, соопштија дека починал од срцев удар, пишува “Њујорк тајмс”.

20160311.venwyoektc

Но минатата недела, по повеќе од 4 месеци, беше обелоденета судско-медицинската експертиза, според која Лесин умрел од “удар со тап предмет по главата”. Претпоставките на истрагата се дека ударот по главата, како и некои други лузни по телото му биле нанесени во екот на некоја кавга во неговиот хотел. Видео камерите покажуваат дека при влегувањето во хотелот пред смртта, тој треперел и е очигледно уплашен.

2E619D2900000578-0-image-a-6_1447356159884

Финска излегува од ЕУ?

Според некои верзии во руски медиуми, Лесин влезе во сериозен конфликт со најголемиот акционер на “Газпром-медиумите” Јуриј Ковалчук, исто човек од блиски до рускиот претседател. Двајцата биле отпрвин сојузници, но потоа Михаил Лесин ја напуштил Русија и пристигнал во САД во нешто како “доброволно прогонство”.

Russian President Vladimir Putin (L) gestures as Mass Media Minister Mikhail Lesin listens to him during a meeting with local press in the far eastern city of Vladivostok, August 24, 2002. President Vladimir Putin pressed North Korea on Friday to forge a new Asia-Europe freight route by extending Russia's trans-Siberian railway across the Korean peninsula to bypass China. REUTERS/ITAR-TASS/KREMLIN PRESS SERVICE CVI - RTR9D8R

Во јули 2014 година американски сенатор побарал Министерството за правда на САД да спроведе истрага за сопственоста на Михаил Лесин на недвижимост на Британските Девствени Острови и во лос Анџелес. Сенаторот сметал дека екс-министерот има врски со Руси од санкциската листа и едвај не управувал со нивниот капитал.

Самиот Лесин тогаш изјави за американски медиуми дека има сопственост, но таа е на неговите деца. Сега истрагата на неговата смрт ќе треба да разјасни дали тој бил убиен токму поради темни зделки со руски капитал.