ДОМ: Апсењата се закана за слободоумните и свесна провокација на немири

од Vladimir Zorba
75 прегледи

ДОМ го осудува апсењето на Здравко Савевски и другите учесници на протестите против масовните аболиции на Иванов и инсистира на нивно итно ослободување. Апсењата претставуваат закана за слободоумните граѓани и свесна провокација на немири.

DOM_zname

Според ДОМ, целта на апсењата е да уплашат дел од граѓаните, а истовремено да ги радикализираат протестите од страна на оние граѓани кои не се плашат, а ќе станат уште погневни поради апсењето на нивните соборци.

Револтот го зајакнува фактот што се апсат луѓе поради нивното поинакво мислење, делување и протестирање, во исто време кога претставници од власта за кои има основани сомневања за сериозни кривични дела, остануваат на слобода со однапред простени дела.