ДОМ на конференција на Зелените во Виена

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Делегација на зелената партија ДОМ во состав Христина Оџаклиеска, заменичка министер за животна средина и просторно планирање и Анастасија Трајковска, советничка во општина Битола, учествуваа на 15-та Централно европска тркалезна маса на зелени локални советници, во периодот од 19-21 мaj, во Виена.

Темата на овогодинешниот настан е Зелените градови во движење – мир, солидарност и одржливост.

Заменичката министерка Христина Оџаклиеска имаше обраќање на тема Зелените градови кон Зелениот договор и енергетска самоодржливост.

На настанот беа присутни европратеници, градоначалници и советници од Зелените, кои ги споделија своите искуства и визии за имплементација на зелената агенда во градовите. Посебен акцент беше даден на Платформата за поврзување помеѓу локалните советници од европското зелено семејство.

Слични содржини