ДОМ: Нека факелот на борбата на македонските херои од двата Илиндена продолжи да го осветлува патот

од Берта Китинска
164 прегледи

Зелената партија ДОМ на сите граѓани им го честита големиот празник Илинден, денот кога започнува Илинденското востание во 1903 година и кога е одржано Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

„Втори август е еден од најзначајните датуми во македонската историја, кога се поставени темелите на создавањето самостојна македонска држава. Секоја година на 2 Август го славиме Илинден за да им одадеме почит на нашите предци, да оживее сеќавањето на стремежот и борбата на македонскиот народ за слобода и самостојност.Нека факелот на борбата на македонските херои од двата Илиндена продолжи да го осветлува патот на демократскиот развој на современото македонско општество.Нека ни е честит и вековит Илинден“, “, се наведува во честитката на ДОМ.

Слични содржини