ДОМ нуди интервента помош за семејствата во поплавените подрачја

од desk3
97 прегледи

Демократската обнова на Македонија денеска соопшти дека нуди интервентна помош за најранливите категории граѓани од поплавите. Предност имаат мајките со бебиња и децата до три години.

За првите 20 лица што ќе се јават на телефонот 076/311-601 ќе биде обезбеден престој во хостел со оброци во следните 10 дена.

lileDOm-640x320

– Ова е ургентна интервенција за дел од оние што немаат услови за живеење во нивните домови уништени од поплавите. Тие се соочени со зарази, воспаление на белите дробови и други болести, зашто деноноќно престојуваат во влажни простории, во близина на загинати животни во распаѓање, без вода и струја. ДОМ ќе се фокусира на донации во детска храна, млеко, пелени, облека и хигиенски производи, се наведува во соопштението од ДОМ.

Партијата сугерира институциите да организираат итна евакуација на населението во суви и чисти простори, како и да се организираат два вида формации: волонтерски и со платени дневници за да се обезбеди потребната работна рака за расчистување на разурнатите домови, но и за приготвување и делење храна и вода од куќа на куќа./MИА