ДОМ Ѓорче Петров преку петиција ќе поднесе барање до Град Скопје и општина Ѓорче Петров за поставување на сончеви панели на училиштата во Ѓорче Петров, сопштија од зелената партија.
Оттаму велат дека во период кога сме во сериозна енергетска криза и со високи сметките за струја, потребно е е поставување на панели и искористување на обновливите извори на енергија.
-Енергетската независност на училиштата и тоа како ќе влијае врз намалување на финансиските импликации на буџетот на општината и заштитата на животната средина.
ДОМ Ѓорче Петров за свои приоритети ги има заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните, ги повикуваме граѓаните да ја потпишат оваа петиција со цел јавно да побараме заедничко решение на овој повеќегодишен проблем, велат од ДОМ.