ДОМ поддржува мораториум за градење во општина Аеродром

од Vladimir Zorba
67 прегледи

ДОМ е против новите урбанистички планови најавени од скопската општина Аеродром и ја поддржува граѓанската инцијатива „Мораториум за градење во општината!“дом

„Во градежната експанзија на главниот град, реонот на Острово, во општината Аеродром,  како и делови на населбите Ново Лисиче и Лисиче, е една од ретките зелени оази во градот Скопје. Токму затоа, ДОМ смета дека со овие планови се зголемува густината на домување, на сметка на постоечките и потенцијалните зелени површини, без притоа да се води сметка за хуманата компонента на урбаната средина, еколошкиот аспект во квалитетот на живеењето, капацитетот на просторот и постоечката инфрастуктура“, се наведува во реакцијата на ДОМ.

ДОМ се придружува кон апелот на жителите и бара зоната за спорт и рекреација која се наоѓа покрај Вардар, од булевар АСНОМ до „Тинекс“, да продолжи до објектите на ЕНЕРЏИ и ПИОМ. ДОМ потсетува дека поставувањето објекти во непосредна близина на коритото на реката Вардар е проблематично од хидролошки, сеизмолошки и од еколошки аспект.

„Да се ревидираат и да се стават на јавна расправа сите изградби на нови паркиралишта и да се почитува ставот на жителите дека тие не се потребни и само го уништуваат преостанатото зеленило во општината. Да се избрише маркичката за градба во зелениот појас на булеварот Јане Сандански, а воедно да се заштитат од градба сите зелени простори покрај булеварите Србија, АСНОМ и Јане Сандански. Во ДОМ знаеме колку е важно да имаме право на здрава животна средина. Затоа, секогаш ќе ги поддржуваме сите акции и граѓански иницијативи, како што е оваа од населбата Аеродром, за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и за заштита на животната средина во Македонија, воопшто, велат од ДОМ.