ДОМ е загрижена поради големата поделеност на македонското општество што се покажа по двата одржани протеста, со сосем спротивни видувања за политичката ситуација, како да не се работи за иста држава!, реагираат од партијата ДОМ.

„Не смееме да заборавиме дека за опстанок на една држава е неопходна кохезија, произлезена од заеднички идеали и интереси. Но, ние денес имаме длабоко поделени табори кои претставуваат опасност за државата! ДОМ излезе од владината коалиција за да го помогне разрешувањето на политичката криза во која западнавме, за да се повлечат разумни политички потези кои ќе водат преку преодна Влада до предвремени избори, кои никој нема да може да ги оспори. За да прекине еднаш овој круг на сомнежи, притисоци, обвинувања, омраза… Премали сме за толку голема омраза! “, соопштуваат од партијата.