ДОМ: Собранието да ги пренамени парите од непродуктивните инвестиции за поплавените

од Vladimir Zorba
80 прегледи

timthumb (1)

ДОМ бара Собранието да донесе одлуки за пренамена на средства од непродуктивни државни инвестиции во обезбедување услови за нормален живот на загрозените граѓани.

„Оштетените домови мора да се санираат и да се спречат нови жртви од нехигиена и зарази, за што е нужна итна евакуација, дезинфекција и санација на поплавените објекти. Овие приоритети се наметнуваат по теренската обиколка на погодените места од страна на волонтери од ДОМ кои делеа хигиенски пакети, коишто масовно недостигаат“, велат од ДОМ.