Дом за стари лица во Таојан во Тајван ангажирал стриптизета за да ги расположи постарите лица. Многу од корисниците на Домот се во инвалидски колички.
Од старскиот дом објаснија дека ангажирале стриптизерка за пензионерите бидејќи тоа било прослава на Есенскиот фестивал.
Есенскиот фестивал, познат и како Фестивал на Месечината, е традиционален фестивал кој се слави во кинеската култура и ја слави жетвата на пченица и ориз во сезоната. Снимка од забавата со стриптизета ја споделил еден од жителите на социјалните мрежи и брзо стана вирална.
Видеото започнува со стриптизета која лежи на подот пред постара личност, а потоа почнува да танцува во скутот на човек во инвалидска количка. Среде нејзиниот танц во скутот, еден маж ја допира по градите. Потоа таа престанува да танцува во нејзиниот скут и го бакнува човекот во чело.
Откако снимката беше обелоденета во јавноста, објектот за пензионирани воени лица се најде под силна осуда од јавноста.
„Намерата на настанот беше да ги забавува жителите и да ги расположи. Многу ни е жал за се што беше предизвикано“, се вели во соопштението. Претставник на институцијата изјавил дека одредени движења на танчерката биле премногу „ентузијастички и жестоки“ и дека треба да бидат повнимателни при планирањето на идните настани.
Taoyuan Veterans Home in Taiwan hired a stripper for disabled veterans. Proving you can still get up even when confined to a to a wheelchair. 🤷🏿♂️ pic.twitter.com/eaPw7BNQQr
— Agifoe (@agifoe) September 14, 2022