ДОМ за Законот за зеленило: Му се дава предност на бизнисот пред здравјето

од desk3
79 прегледи

 

DOM_zname
ДОМ изразува големо разочарување што Парламентот по вторпат во две години го одби Законот за урбано зеленило, поднесен од пратеничката Лилјана Поповска. Законот треба да обезбеди заштита на секое дрво со пречник од 40 цм, 25 м2 зеленило по жител во градовите и 10-30% зеленило на градежна парцела.

Разочарува односот на пратениците, кои, одбивајќи го законот, му даваат предност на бизнисот на малкумина, пред здравјето на сите граѓани. Тоа значи дека и понатаму ќе продолжи злоупотребата на зелените површини и нивно претворање во бетон.

Ако, пак, проблемот е во тоа КОЈ го поднесол законот, ги повикуваме колегите од владиното мнозинство ТИЕ да го поднесат. Ќе ја имаат поддршката и од нас и од секој граѓанин кој сака квалитетен живот.