19032015132351_krazba

На 29.11.2015 година во 05.30 часот во ПС-Виница од Медицинскиот центар-Виница било пријавено дека кај нив била донесена М.П.(62) од Виница која имала ТТП во пределот на главата, по што е пренесена во КЦ-Штип, каде дополнително е утврдено дека се здобила со фрактура на череп со нагмечување на мозокот и крварење, и се наоѓа во животна опасност.

Чекала автобус, од друг автобус се симнале тројца и ја истепале…

Имено, околу 03.45 часот М.П. слушнала тропање на приземјето од нејзината куќа каде што спиела, станала и во тоалетот затекнала непознато машко лице кое излегло во ходникот, по што почнала да вика и во тој момент се разбудила нејзината снаа В.Т. Го прашале зошто неповикан влегол во куќата, М.П. го истуркала надвор, по што непознатото лице се упатило пеш по улицата. М.П. и В.Т. со ПМВ тргнале по него и заклучиле дека се работи за нивен седумнаесетгодишен сосед , се упатиле кон него и го прашале за причините за влегувањето кај нив дома, по што тој  ја турнал М.П. која паднала на тротоарот пред надворешната порта од неговата семејна куќа и се здобила со повреди. Со возило на ИМП била пренесена во Медицинскиот центар. Седумнаесетгодишникот е приведен во ПС-Виница, извршен е разговор со него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Слични содржини