Уапсен скопјанец, на стадионот Чаир фрлил предмет кон гостинската екипа

од Milan1

Синоќа на стадионот Чаир за време на одржување на фудбалски натпревар помеѓу ФК Шкупи и ФК Шкендија бил уапсен 27 годишен скопјанец.

На 04.05.2024 во 19.15 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле О.Ј.(27) од Скопје, поради тоа што околу 18.15 часот на стадионот Чаир за време на одржување на фудбалски натпревар помеѓу ФК Шкупи и ФК Шкендија, од трибина фрлил со предмет кон клупата на гостинска екипа на ФК Шкендија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, велат од МВР.

Слични содржини