Четири лица меѓу кои и седумгодишно дете залутале на стрмно место меѓу Кожле и Велес

од Nikola Popovski

Денеска, доцна попладне, на Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена е пријава за четири лица, кои планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно место што претставувало опасност за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно малолетно (седумгодишно) дете. Локација на настанот е патот од с.Кожле кон Велес („месност „Манастирски Мост“).

Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координираше за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС – Велес и Општина (ЕЛС) Велес.

-Тим од три члена од ДЗС известиле дека тргнуваат на лице место за да ги извлечат залутаните лица со детенцето од опасниот стрмен предел меѓу с.Кожле и Велес, стои во соопштението.

Слични содржини