Зеленски: Би сакал Кина да биде пријател на Украина

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека би сакал Кина да биде пријател на Украина.

Зеленски на прес-конференција по глобалниот мировен самит во Швајцарија, одговарајќи на прашање на кинески новинар дали Кина е непријател или партнер на Украина, рече дека Украина никогаш не ја нарече Кина непријател, туку дека би сакала таа да и биде пријател.

„Украина никогаш не кажа дека Кина е нејзин непријател. И ве молам, не кажувајте такви работи. Секогаш велам дека непријател број еден на Украина е (рускиот претседател Владимир) Путин, затоа што не нападна. Кога сме веќе кај пријателите, верувам дека пријателите се тие кои помагаат во тешки времиња, а јас би сакал Кина да стане пријател на Украина“, рече Зеленски, пренесе Украинска Правда.

Слични содржини