ВМРО-НП: Тие кои ќе ја прифатат аболицијата, 10 години да не се занимаваат со политика

од Vladimir Zorba
178 прегледи

ВМРО-Народна партија преку соопштение за јавност, го реафирмира предлогот за постигнување политички договор помеѓу партиите кој ќе содржи одредба со која се предвидува аболираните лица кои ќе ја прифатат милоста од државата да немаат право 10 години да се занимаваат со политички активности и други државни функции.

mk}vmron

„Останатите кои сметаат дека не се виновни, да им се овозможи низ редовна судска постапка да ја докажат својата невиност. Овој договор да се транформира во закон, веднаш после конституирањето на новиот состав на Собранието на Македонија, како Закон за лустрација, што не е новост во Македонија. ВМРО-Народна партија на овој начин гледа итна разврска на оваа криза, која не само што сега ја разнебитува Македонија туку и за во иднина ќе остави трајни апокалиптични состојби од кои тешко ќе се најде излез“, се наведува во соопштението на ВМРО-НП.