Домашен чоколаден банана пудинг

од Stefanija Kuzmanovska
1,K прегледи

Брзо и лесно подгответе домашен пудинг.

Состојки:
– 2 шолји слатка павлака

– 250 гр чоколадо

– 2 лажици шеќер

– околу 20 чоколадни наполитанки

– 3 банани

Подготовка:
Загрејте ја павлаката во тенџере, тргнете ја од оган и додадете го чоколадото. Мешајте додека да се растопи чоколадото, а потоа додадете го шеќерот и оставете да се излади.

Земете стаклен сад и на дното ставете чоколадни наполитанки, па додајте половина од оладениот чоколаден крем, па врз него една банана исечкана на прстени. Постапката повторете ја и на крај кога ќе завршите со кремот исецкајте банани и наредете ги врз пудингот.

Оладете го пудингот најмалку 2 часа во фрижидер пред послужување.

Слични содржини