494
Состојки:
– 1л зовриена вода
– 400 гр свежи, млади листови коприва
– 7 лимони
– 800 гр кафен шеќер
– 5 супени лажици мед
Подготовка:
Листовите коприва добро зимијте ги. Во сад ставете ја водата и 5 лимони кои претходно сте ги исекле. Поклопете го садот и оставете го да отстои 24 часа.
Следниот ден изгмечете ги сите состојки, па исцедите. Додадете шеќер и свежо исцеден сок од останатите 2 лимони.
Загрејте ја смесата до варење и оставете 5 минути да врие, со непостојано мешање. Доколку забележите пена, тргнете ја од површината. Медот ставете го на крај кога смесата ќе се излади.
Истурете во стерилизирано шише или тегла и чувајте на ладно и темно место.