Домашен сладолед

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Состојки:

– 150 гр шеќер

– 250 мл млеко

– 1/4 лажичка сол

– 2 лажици какао

– 3 жолчки

– 50 гр сечкана чоколада

– 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Измешајте ги шеќерот, млекото, солта и какаото и загрејте ги во длабоко тенџере на средна температура со постојано мешање додека не почне да врие.

Ставете ја жолчката во сад и полека изматете ја. Во жолчките ставете околу 125 мл од топлата смеса и изматете, па истурете сè во топлата смеса.

Загрејте повторно додека не се згусне, но не треба да врие. Се трга од оган, се додава сечканата чоколада и се меша додека не се растопи. Истурете ја смесата во сад и ставете ја во фрижидер додека не се излади.

Сладоледот измешајте го и истурете го во соодветен сад и ставете го во замрзнувач.

Повремено можете да го извадите сладоледот од замрзнувач и да го промешувате.

Слични содржини