Топлите денови се вистинско време да се засладите со здрав десерт, а рецептот кој ви го пренесуваме ќе ги воодушеви сите оние кои сакаат сладолед.
Пред вас е многу здрава верзија на овој десерт, која се прави за миг и не содржи шеќер.
Состојки:
800 гр грчки јогурт
1/2 л слатка павлака
400 гр јагоди
4 лажици мед
Подготовка:
Слатката павлака изматете ја со миксер, па додадете грчки јогурт и мед и повторно со миксер соединете сè. Измијте ги, исчистете ги и изгмечете ги јагодите со вилушка, а потоа исцедете го вишокот сок. Додадете ги во јогуртот и павлаката и изматете се.
Сладоледот сипете го во пластични садови и ставете ги во замрзнувач. Оставете го сладоледот да се стегне три, четири часа и уживајте во совршениот вкус и здрав десерт.
Пред вас е овошна верзија на овој сладолед, а доколку сакате наместо јагоди во истата основна маса павлака, јогурт и мед можете да ставите мелени бисквити, стопено или изрендано чоколадо или што друго сакате.
На здравје!