Домашни кифли, неодоливо вкусни и меки (РЕЦЕПТ)

од Elena Daskalova
3,4K прегледи

Секое домаќинство има рецепт за домашни кифли, кој се пренесува со генерации. Во случај да немате таков во вашето семејство, имаме решение и за тоа.

Ова е рецепт со кој секогаш ќе бидат успешни:

Состојки:

1 кг брашно
40 гр свеж квасец
Лажичка шеќер
2 лажички сол
200 мл вода
400 мл млеко
200 мл масло
100 гр маргарин
Едно јајце
Сусам

Подготовка:

Во 200 мл млако млеко растопете го квасецот, додадете една лажичка брашно и една шеќер, измешајте и оставете да отстои.

Во длабок сад просејте половина од брашното и солта, додадете ја смесата со квасец и останатото млеко, водата и маслото. Измешајте со рака, па додадете го и останатото брашно. Поделете ја смесата на четири дела.

Рассукајте и премачкајте со 1/3 од маргаринот. Истото направете го и со другите кори и наредете ги една врз друга. Со сукало рассукајте ги. Завиткајте ги како штрудла и оставете ја да стасува еден саат.

Земајте мали топчиња, рассукувајте ги и виткајте ги како кифли. Редете во подмачкан плех на поголемо растојание, бидејќи уште ќе стасуваат. Секоја премачкајте ја со разматено јајце и посипете со сусам.

Печете на 200 степени, околу половина час.

Слични содржини