215
Направете сами тестенини за вашите омилени јадења.
Состојки:
– 100 гр пченичен гриз
– 200 гр брашно
– 3 јајца
– 60 мл маслиново масло
– 1 лажичка сол
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и замесете го тестото додека не стане многу еластично и мазно.
Завиткајте во проѕирна фолија и оставете го да отстои на ладно околу два часа. Тестото може да го направите и ден претходно ако сакате.
Расукајте го тестото по желба на помали парчиња или наеднаш бидејќи ви е полесно, додавајќи брашно, но не премногу.
На машината или рачно се расукува до саканата дебелина, се сече по желба и се става на кујнска крпа да се исуши. Превртете ги тестенините неколку пати за да не се залепат за крпата. Можат да се готват веднаш.